More

    Цеца која неодамна имаше настап во преполн клуб, а поради светкавиот фустан со длабок шлиц кој го истакна нејзиното деколте создаде хаос на социјалните мрежи

    spot_img

    Светлана Цеца Ражнатовиќ, која неодамна имаше настап во преполн клуб, а поради светкавиот фустан со длабок шлиц кој го истакна нејзиното деколте создаде хаос на социјалните мрежи, наводно собира два милиони евра за да сними албум и да го одржи трет концерт на Ушќе, пишува „Мондо“.

    Обожавателите постојано и испраќаат пораки дека сакаат албум и концерт, а како што се наведува, кога Цеца повторно пресметала колку пари и требаат за сето тоа, сфатила дека мора повеќе да се ангажира на теренот за на своите верни фанови да им го даде истиот квалитет со кој ги освои уште од почетокот на нејзината кариера која трае повеќе од три децении.

    Последниот албум го издаде во 2016 година, а вториот концерт на Ушќе го имаше пред 130.000 луѓе во 2013 година. Потоа пејачката објави неколку синглови, но не настапуваше често. Последна песна што ја објави е песната „За крај“, која ја сними за потребите на филмот посветен на Џеј Рамадановски „Недела“ и преработка на нејзината стара песна „Не рачунај на мене“, која ја сними во 1994 година со Мира Шкориќ, а во нов аранжман со колешката Маја Беровиќ.

    Како што вели изворот, Цеца планирала оваа година да издаде албум и да закаже концерт на Ушќе, но покрај тоа што не и се допаднале нумерите кои ги добила од композиторот, Ражнатовиќ повторно се пресметала и сфатила дека и треба сериозна сума за да прави што сака. Поради тоа почнала да закажува настапи дури и за понизок хонорар од вообичаено, за да го заработи она што и треба за овие два големи и важни проекти во кариерата.

    Иако Светлана на почетокот на годината рекла дека ќе има концерт и нови песни, таа неодамна во едно интервју изјавила дека концертот сигурно нема да се случи годинава.

    „Не, не може да биде овој јуни. Немам албум, под број еден, навистина работиме на тоа, веќе тие се шегуваат, ме имитираат, па тоа е проект, па уметност е… слушам песни, сè гледам, сè следам и се смеам. И кога зборувавме лани некаде есента за термини на Ушќе во јуни, за малку не ме убедија да го организирам без албум“, изјавила Цеца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img