More

    Цеца и Анастасија меѓу присутните на проекцијата на „Недела“

    spot_img

    Филмот „Недела“, животната приказна на пејачот на фолк музика Џеј Рамадановски (1964-2020), синоќа ја имаше својата премиера во полната сала на МТС во Белград, каде актерската и авторската екипа заслужија долготрајни, повеќеминутни аплаузи и извици на одобрување.

    На поклонувањето по проекцијата на „Недела“, белградската публика со громогласен аплауз ја награди актерската екипа во која се Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Златан Видовиќ, Милица Јаневски, Маша Ѓорѓевиќ и многу други.

    Очекувано, најтопло беа поздравени интерпретаторите на улогата на Рамадановски – Ален Селими како малиот Џеј и Хусеин Алијевиќ Хуса, како возрасниот пејач, и двајцата за првпат на филм.
    Се поклонија и режисерот Немања Ќераниќ и корежисерот Милош Радуновиќ, сценаристот Стефан Бошковиќ и продуцентот Владан Анѓелковиќ.

    На премиерата присуствуваа и ќерките на Џеј, Ана Рамадановски и Марија Рамадановски Давидовиќ.

    Филмот „Недела“, инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Рамадановски од најраното детство и младост, поминато на улица или во поправен дом, до големиот успех, подоцна постигнат со фолк хитовите како „Недеља“, „Ко се с нама дружи“, „Угасила“ си ме“…

    На премиерата, меѓу другите, присуствуваа Драган Бјелогрлиќ, Марија Шерифовиќ, Теа Таировиќ, Светлана Цеца и Анастасија Ражнатовиќ. Инаку, Цеца ја сними песната „За крај“ за потребите на филмот „Недела“.

    – Нема да плачам, знам дека е меѓу ангелите – изјави Цеца на синоќешната премиера.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img