More

    Поранешната сопруга на Кевин Костнер го изневерувала со негов пријател, сега летува со него

    spot_img

    Поранешната сопруга на Кевин Костнер продолжи понатаму по скандалозниот развод. Дизајнерката на чанти Кристин Баумгартнер е во врска со финансиерот Џош Конор. Некои можеби ќе го препознаат неговото име бидејќи оваа приказна не е само приказна за нова љубов.

    Веста за новата врска на поранешната сопруга на Кевин Костнер доаѓа од магазинот „Пипл“.

    „Тие беа само пријатели на почетокот“, рекол изворот и додал: „Кристин сака да се дружи со него, тој е разведен татко и разбира низ што минала. Животот покрај океанот и плажата ги зближиле, тоа е нешто што Кристин ја прави среќна.“

     

     

    Конор е нејзин сосед и поранешен пријател на Кевин Костнер. Кристин во јули летувала со него на Хаваи додека се чекаше нејзиниот развод со познатиот актер и режисер. Изворот тогаш негираше дека се работи за љубовна врска: „Тие се пријатели со години“.

    Еден месец подоцна, Костнер на суд тврдеше дека неговата поранешна сопруга му дала на својот „нов дечко“ 20.000 долари во готовина, додека таа од него барала 129.000 долари месечна алиментација.

    Кристин и нејзините адвокати ја негираа нејзината врска со Конор, кој во јавноста е познат како финансиер.

    Кевин и Кристин се разведоа во септември, по мачното судење. Тие имаат три деца.

    Инаку, Костнер има нова љубов, од минатиот октомври е во врска со пејачката Џул Кличер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img