More

    Три лица загинаа, а уште две се ранети кога 64-годишен маж отвори оган врз своите соседи во станбена зграда во близина на Аугсбург, Германија

    spot_img

    Три лица загинаа, а уште две се ранети кога 64-годишен маж отвори оган врз своите соседи во станбена зграда во близина на Аугсбург, Германија. Како што пишува Билд, крвопролевањето веројатно е драматичен крај на судскиот спор.

    Шеесет и четиригодишниот кој живеел сам, околу 19 часот и 15 минути зел пиштол и поминал низ станбената зграда. Според информациите на Билд, зградата има само четири стана, па соседите сигурно добро се познавале.

    На првото место на злосторството, сторителот најпрвин пукал низ вратата од станот и удрил жена која се обидувала да побегне зад неа. Вкупно, на првото место на злосторството убил три лица, меѓу кои и брачна двојка (49 и 52).
    Според Билд, убиецот ги сретнал другите жртви на скалите и ги убил со истрели од пиштол. Откако насилникот убил тројца соседи, со автомобилот се упатил до блиската улица и барал друга адреса. Тука убиецот застрелал жена (32) и маж (44).

    Двојката се здобила со повреди опасни по живот и е пренесена во болница. Двајцата се надвор од животна опасност. Сѐ уште не е јасна точната позадина и мотивот на крвавиот чин.

    Форензичарите го растичстуваат теренот, а тимовите за интервенција во кризи се грижат за шокираните соседи и роднини. Убиецот е уапсен по пукањето, соопшти полицискиот штаб во северна Швабија во консултација со јавниот обвинител.

    По брзата потрага, тој бил запрен во неговиот автомобил и без отпор дозволил да биде уапсен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img