More

    Три деца од Куманово, две од исто семејство на четиригодишна возраст и 13 месеци и уште едно 18-месечно дете се заболени од голема кашлица, пертусис

    spot_img

    Три деца од Куманово, две од исто семејство на четиригодишна возраст и 13 месеци и уште едно 18-месечно дете се заболени од голема кашлица, пертусис, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Куманово. Тринаесетмесечното бебе се лекува во Козле, 18-месечното е на приватна клиника, a четиригодишното дете е на домашна тепарија. Ниту едно од децата не посетува градинка, ниту пак се вакцинирани.

    – Сите се лабораториски потврдени случаи и се невакцинирани деца. Останува нашата препорака да се вакцинираат децата – изјави доктор Едита Рамизи од ЦЈЗ Куманово.

    Во Куманово опфатот со вакцината против голема кашлица, пертусис е недоволен, информираа претходно од Здравствен дом, детски диспанзер. Надлежните велат дека болеста е загрижувачка и ги повикуваат родителите навремено да ги вакцинираат децата, согласно календарот.

    – Куманово е еден од градовите каде се намалува процентот на имунизирани деца. Антивакциналната кампања придонесе да се вратат исчезнати болести, како пертусис кои можат да предизвикаат сериозни последици, па дури да бидат и фатални – изјави д-р Валентина Богоевска-Димитриевска, од диспанзерот Куманово.

    Болеста, како што објаснува докторката, меѓу луѓето е позната како „црна кашлица“ или „магарешка кашлица“ и е акутно заболување, мошне заразно. Инкубацијата трае од 7 до 14 дена. Првин се појавува течење нос, зарипнато грло, покачена температура, после болеста напредува и е препознатлива со карактеристично ноќно кашлање предизвикано од инфекцијата која ги напаѓа белите дробови.

    – Почнува да се лачи слузта поинтензивно, не постои можност за искашлување, кашлицата е иритативна, досадна кашлица може да предизвика компликации бронхопневмонија, воспаление на средно уво, енцефалитис. Може да се јави и крв, зашто е многу напорна кашлица. Може да доведе до фатален исход – вели Богоевска-Димитриевска.

    Болеста освен кај бебињата може да предизвика и сериозни компликации кај возрасните со коморбидитети. Но, особено страдаат најмалите, оние кои не се вакцинирани. Вакцинираните можат да се заразат ама поминуваат со послаби симптоми.

    Лекарите велат дека најефикасна мерка за заштитата од болеста е имунизацијата.

    Вкупно 20 случаи на голема или магарешка кашлица се евидентирани на територијата на Скопје до овој момент, потврди за МИА, доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје. Но, таа нагласи дека бројот се менува од час во час.

    Министерот за здравство во техничката Влада, Фатмир Меџити, вчера рече дека препораката од Комисијата за заразни болести за забрана за прием на невакцинирани деца во градинките треба да се сфати во позитивен контекст.

    – Ова не е дека е некоја забрана или сакаме некого да казниме. Ова е тоа што сакаме да ги стимулираме, сакаме нивните деца да бидат здрави и живи, да имаме подобра иднина како држава. Апелирам до сите родители, ве молам, вакцините заштитуваат живот – подвлече Меџити, кажувајќи дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img