More

    Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и легендата на Ливерпул Џејми Карагер деновиве водат медиумска војна во Англија

    spot_img

    Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и легендата на Ливерпул Џејми Карагер деновиве водат медиумска војна во Англија.

    По третото последователно реми (3:3) меѓу Сити и Тотенхем, аналитичарите на Sky Sports Карагер, Гери Невил и Мика Ричардс заклучија дека на Граѓаните ќе им биде тешко да ја освојат четвртата последователна титула.

    Гвардиола на прес-конференцијата во вторникот им одговори дека неговиот тим ќе го постигне она што никој досега го нема – четири последователни титули.

    „Тие самите знаат колку е тешко. Или подобро кажано невозможно, бидејќи никогаш не се случило. Невил не успеа иако играше за најсилниот Манчестер Јунајтед. Мика Ричардс ја освои титулата во Сити, но секако не четири пати по ред. Па, тогаш Џејми Карагер… Тој го коментира нашиот наводен сопнување, а во својот долг мандат во Ливерпул никогаш не успеа да биде шампион на Англија“, изјави Гвардиола.

    Карагер веднаш се огласи и предизвика нова лавина од коментари.

    „Мислам дека би имал барем една англиска титула доколку Ливерпул беше во сопственост на државата и ако функционира на таков начин што Премиер лигата покрена 115 пријави против нас. Само да додадам: Го пофалив тимот на Пеп по натпреварот со Тотенхем“, напиша Карагер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img