More

    Тренчевска: Цврсто ги поддржувам активностите кои придонесуваат кон правилен развој на децата

    spot_img
    Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во јавната детска градинка „Виножито“ во Струмица заедно со претседателот на здружение Раст, Александар Петровски преку активности го означија Реактивирањето на кампањата за подигнување на свесноста за растот кај децата како иницијатива на Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања  „РАСТ“ и Министерството за труд и социјална политика.
    „Ја искажувам мојата силна поддршка на активностите на „РАСТ“ кои започнуваат денес непосредно пред Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата – 20 септември. Да работиме на рано откривање на состојбите со кои се соочуваат децата со цел нивно навремено и соодветно третирање.
    Продолжуваме со поддршката на активности кои се од клучно значење на најмладите “ рече Тренчевска.
    Претседателот на здружението Александар ја објасни улогата на здружението и нивната мисија.
    „Здружението „Раст“ е невладина организација на родители која ги застапува правата на децата со ендокринолошки заболувања во Република Северна Македонија. Здружението е формирано на 19 јануари 2007 година од мала група на родители чија примарна цел во тој период била решавање на бројни проблеми со кои се соочувале, главно поврзани со пристап до лековите“ објасни Петровски.
    Ваквите активности планирано е да се реализираат во голем број градинки заедно со Доц.Др. Александра Јанчевска, ендокринолог од клиниката за детски болести, Скопје.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img