More

    Трамп го фати воланот, „возете ме до Капитол!“

    spot_img

    „Јас сум е*ениот претседател. Одвезете ме до Капитол“.
    Вака викал поранешниот американски претседател Доналд Трамп во службената кола, на 6 јануари 2020 година, кога се случи крвавиот упад на граѓани во американскиот Конгрес во САД. Ова за судот го посведочи 25-годшната Касиди Хачинсон, поранешна советничка на шефот на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоуз, јавува Би-Би-Си.

    Трамп се обидел да го фати воланот на автомобилот и се борел со припадник на тајните служби. Хачинсон вели дека Трамп лично знаел дека неговите подржувачи ќе упаднат, а за ова предупредување добиле неколку претставници од Белата куќа.

    – Не ми е гајле дали имаат оружје. Тие не се тука да ме повредат. Пуштете ги моите луѓе да влезат (во Капитол). Можам да марширам од тука до Капитол – рекол Трамп, според Хачинсон.

    По нејзиното сведочење, извор близок до Тајната служба за телевизијата Си-Би-Ес изјави дека и агентот и возачот кои биле во автомобилот со Трамп биле подготвени да сведочат под заклетва дека поранешниот претседател никого не нападнал физички и не се обидел да го грабне воланот.

    Подоцна во текот на денот, Хачинсон слушнала дека Медоус вели дека Трамп го изразил своето одобрување кога дознал дека бунтовниците го повикувале потпретседателот Мајк Пенс да се обеси.

    – Тој (Трамп) мисли дека Мајк (Пенс) го заслужува тоа. Тој не мисли дека тие прават ништо лошо – рекол Медоуз, според Хачинсон.

    Медоуз, шефот на Хачинсон, денови пред упадот ѝ рекол дека работите би можеле да станат „многу, многу лоши“.

    Судењето на Трамп оди споро. Досега неговите поранешни високи фунцкиониери, како главниот судија на Белата куќа, Пет Киполоне, одбија да сведочат. Самиот Трамп на својата социјална мрежа, СоцијалнаВистина рече дека едвај ја познава г-ѓа Хачинсон, но дека слушнал „негативни работи за неа“. Тој ја нарече „лажна“ и „тапанар“ велејќи дека е огорчена затоа што не ѝ дал работа откако ја напуштил Белата куќа.

    Хачинсон го демантираше Трамп. Таа беше охрабрена од судот да даде ново сведочење ако се сети на уште нешто од крвавиот 6 јануари.

    – Ако го слушнавте ова сведоштво денес и одеднаш се сетите на работи на кои претходно не сте можеле да се сетите или да ни откриете нешто што го криете, нашата врата ви останува отворена -рече Бени Томпсон, шеф на комисијата на крајот од дискусијата во судот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img