More

    Тетово има еден проблем малку откако Словенци се нафатија да го чистат градот

    spot_img

    Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со претставници на словенечката компанија од групацијата Саубермахер го потпишаа договорот за јавно приватно партнерство со кој на фирмата ѝ се отстапува стопанисувањето со отпадот.

    Касами истакна дека заедно со групацијата направени се анализи и студии во однос на управувањето со отпад, поточно за собирање и депонирање.

    – Должностите и обврските се веќе усогласени во договорот со кој се обврзаа двете страни. Јавното приватно партнерство предвидува сеопфатни решенија изградени според словенечкиот модел кој се покажа многу успешен во сите градови. Се чувствувам почестен што оваа компанија го избра Тетово да стане партнер во управувањето со отпад. Од сега Тетово има еден проблем помалку – рече Касами по потпишувањето.

    Претставникот на групацијата Саубермахер, Андреас Опелт, рече дека имаат повеќе речиси тридецениско искуство во менаџирање со отпадот во дваесетина градови во повеќе земји. Вработените ќе бидат преземени од нивната компанија.

    – Обврските кои ги презедовме, сериозно ќе ги прифатиме, и ќе видите дека наскоро менаџирањето со отпадот ќе биде унапредено со почисти улици и почиста животна средина. Знаеме дека е предизвик тука, но имаме доволно искуство за да ја подобриме состојбата на повисоко ниво, затоа учествуваме во овој проект и веруваме дека ќе донесеме корист за граѓаните и за градот. Ќе има многу работа во првите неколку години но потоа веруваме дека градот ќе биде на подобро ниво – истакна Андреа Опелт.

    Предвидени се 20-тина точки со обврски на приватната фирма.

    – Приватното претпријатие од Словенија ќе работи во однос на комуналниот отпад, ќе ги преземе сите активности за собирање, транспорт и депонирање на отпадот. Одржувањето на јавни површини и паркови останува во рамки на постојното јавно претпријатие. Предвидени се 20 точки обврски на приватното претпријатие. Доколку општината обезбеди механизација, тогаш партнерот има обврска да го прифати, според договорот со пазарни услови за закуп – истакна Касами,

    Во одделението за комунална хигиена има околу стотина работници кои треба да бидат преземени и да работат во приватната фирма.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img