More

    Тешко оди изборот на нов претседател на Албанија

    spot_img

    Пропадна првиот круг на гласање за нов претседател на Албанија, предвиден за утре попладне, откако претставниците на парламентарните групи не постигнаа договор за консензуален кандидат.

    Како што јави дописничката на МИА од Тирана, денеска до 16 часот беше крајниот рок за доставување предлог- кандидатури со потписи на 20 пратеници, но официјално не е поднесена ниту една.

    По утрешната посебна пленарна седница во 17 часот страните ќе ги продолжат разговорите, а вториот круг на гласање треба да се одржи на 23. овој месец.

    Демократите бараат аполитички кандидат, додека  другите две пратенички групи се против тоа, сметајќи дека тоа е тешко да се реализира.

    За избор на шеф на државата Уставот предвидува пет кругови на гласање. Во првите три потребно е кандидатот за претседател да добие поддршка од 84 пратеници од вкупно 140 колку што брои Парламентот. Во следните два, претседател се избира со просто мнозинство, односно 71 глас.

    Мандатот на актуелниот претседател, Илир Мета, завршува на 24 јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img