More

    Тензии помеѓу модната дизајнерка Викторија Бекам и нејзината новопечена снаа, богаташката и актерка Никола Пелц

    spot_img

    Странските медиуми пишуваат дека постојат тензии помеѓу модната дизајнерка Викторија Бекам и нејзината новопечена снаа, богаташката и актерка Никола Пелц, од денот на самата венчавка со Бруклин Бекам.

    Според последните информации до кои дошле странските медиуми, Никола Пелц во еден момент од нејзината скапа венчавка со Бруклин Бекам, во солзи побегнала од својот новопечен сопруг и од сите гости, само поради Викторија Бекам, која била во центарот на вниманието и тој ден.

    На невестата тоа воопшто не ѝ се допаднало и за сè им се пожалила на нејзините мајка и сестра, но тие во тој момент не можеле ништо да направат за да ѝ помогнат.

    За потсетување, говорот на венчавката го одржал Марк Ентони, еден од многуте познати пријатели на постарите Бекамови, кој со задоволство ја прифатил поканата за оваа церемонија.

    Меѓутоа, наместо убавите зборови да ги упати до Никола и Бруклин, Ентони наводно се фокусирал на Викторија и Дејвид, што нејзе воопшто не ѝ пречело и тоа било очигледно.

    Според извори блиски на парот, Никола не сака кога сите очи не се вперени во неа. Тоа што сега морала да ја „подели својата публика со Викторија, со која сега тивко војува“, не ѝ одговарало.

    Мајка ѝ и сестра ѝ ја допратиле со неа до тоалетот, каде успеала малку да се „прибере“ после инцидентот и да ја поправи шминката.

    Инаку, Ентони споменатиот говор го одржал непосредно пред да запее за младенците, за нивниот прв свадбен танц. Оттогаш, Никола не ѝ е наклонета на Викторија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img