More

    СЗО: Потенцијалот за натамошно ширење на вирусот со мајмунски сипаници во Европа и на други места ова лето е голем

    spot_img

    Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на можно ширење на мајмунските сипаници на фестивалите и на другите поголеми собири планирани ова лето низ Европа.

    – Потенцијалот за натамошно ширење на вирусот во Европа и на други места ова лето е голем – изјави Ханс Анри Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа.

    Сепак, Клуге смета дека фестивалите и другите настани планирани за следните неколку месеци би можеле да бидат можност за „покревање на свеста и зајакнување на заштитата на поединците и заедницата“ кај младите луѓе кои се сексуално активни и глобално мобилни.

    Клуге тврди дека досегашните истраги укажуваат на тоа дека епидемијата во Европа трае од средината на април.

    Гледано нумерички и географски, тоа е најголемото ширење на вирусот надвор од областите на Западна и Централна Африка каде што мајмунските сипаници се ендемски.

    Клуге верува дека брзото ширење на мајмунските сипаници во Европа последните неколку месеци е помогнато со укинувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот. Иако поголемиот број претходни инфекции се поврзуваат со сексуална активност, Клуге нагласува дека секој може да биде заразен со вирусот.

    – Бидејќи вирусот не се шири на ист начин како ковид-19, немаше потреба од воведување мерки за заштита на јавното здравје како што беше случај за време на пандемијата на коронавирусот – рече Клуге.

    Потврден десетти случај во Белгија

    Здравствените власти соопштија дека се потврдени десет случаи на мајмунски сипаници во Белгија, други случаи се анализираат, јави дописничката на МИА од Брисел.

    Според институтот за јавно здравје два дополнителни случаи се сомнителни и се очекуваат конечни анализи, во овој момент потврдено е дека десет лица се заразени со оваа болест кога се појави во текот на мај во јужна Европа.

    Сите заразени лица имаат меѓу 28 и 43 години.

    Светската здравствена организација упати повик да се биде внимателен во текот на ова лето со мајмунските сипаници, посебно на масовни настани како музички фестивали.

    Сипаниците се пренесуваат преку близок кожен или сексуален контакт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img