More

    Софија ќе го брани небото над источното крило на НАТО

    spot_img

    Американски ловци „Ф-35“ слетаа во воздухопловната база „Граф Игнатиев“ во Бугарија, како продолжение на мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор, јави БНР.

    Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста на Твитер ја потврдила Сојузна воздушна команда на НАТО.

    Во пораката не се наведува бројот на авиони. Кон крајот на мај требаше да заврши мисијата на четирите холандски „Ф-35“ во Бугарија. Сепак, во соопштението се нагласува дека американските ловци се приклучиле на холандската мисија во Бугарија.

    Бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, кажа дека има многу процедури кои овозможуваат прекугранично користење на „Air Policing“, така што ќе има многу опции и Бугарија ќе продолжи да биде поддржувана.

    – Таа нема да биде оставена – рече министерот за одбрана.

    Во соопштението на командата со седиште во Рамштајн, во Германија, се наведува дека распоредувањето на американските „Ф-35“ во Бугарија значи извршување на мисија со долг дострел во Бугарија, како поддршка на будните активности на НАТО на источното крило.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img