More

    СЗО: Неизбежна јавно здравствена катастрофа во Газа

    spot_img

    Во Газа е неизбежна „катастрофа на јавното здравје“, предупреди Светската здравствена организација.

    Има недостиг од вода, храна и гориво, бидејќи израелската блокада продолжува. И на болниците им снемува лекови и струја, јавува Би-Би-Си.
    „Постои неизбежна јавно-здравствена катастрофа која се наѕира како последица на масовното раселување, пренатрупаноста и оштетувањето на водоводната и канализационата инфраструктура“, рече портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.

    Тој повика да се дозволи гориво да влезе во Газа за да може да работи постројката за бигор вода.

    Детската агенција на ОН, исто така, предупреди дека се зголемува заканата од деца кои умираат од дехидрација.

    Газа моментално има само пет проценти од своето нормално дневно производство на вода, рече Џејмс Елдер на брифингот во Брес во Женева.

    Тој додаде дека децата се разболуваат од солена и нечиста вода.

    Портпаролката на Агенцијата на ОН за палестински бегалци, Џулиет Тума, претходно изјави дека почнале да добиваат извештаи за болести кои се шират, како што се шуга и дијареа.

    „Неопходно е да има хуманитарен крај на војната. Места кои треба да бидат заштитени – цркви, џамии и објекти на ОН. Значи нема безбедно место. Газа многу брзо се претвори во пеколна дупка“, рече Тума.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img