More

    Сунак ненадејно ја откажа средбата со грчкиот премиер. Еве што се крие зад тоа

    spot_img

    Британскиот премиер Риши Сунак ја откажа средбата во последен момент со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој го обвини својот британски колега дека тоа го прави поради дипломатски спор околу статусот на скулптурите на Партенон.

    Грчките власти постојано бараа од Британскиот музеј трајно да ги врати скулптурите стари 2.500 години кои британскиот дипломат Лорд Елгин ги зел од тој храм на почетокот на 19 век додека бил пратеник во Отоманската империја.

    „Воопшто не сум задоволен што британскиот премиер ја откажа нашата средба само неколку часа пред таа да се одржи“, рече Мицотакис во изјава за медиумите.

    „Грчките ставови за прашањето на скулптурите на Партенон се добро познати. Се надевав дека ќе имам можност да разговарам за нив со мојот британски колега. Секој кој верува во исправноста и праведноста на своите позиции никогаш не се плаши од соочување со аргументи“, рече тој.

    Грчката влада разговараше со шефот на Британскиот музеј, Џорџ Озборн, за можниот договор за позајмување на скулптурите, кои долго време беа причина за расправии меѓу двете земји.

    Во интервју за Би-Би-Си во неделата, Мицотакис се пожали дека разговорите за можно враќање на скулптурите во Атина не напредуваат доволно брзо.

    Тој рече дека трајно чувањето на тие скулптури во Британскиот музеј е како да ја преполовиш „Мона Лиза“ и дека не станува збор за сопственост, туку за „повторно обединување“.

    Претставник на британската влада, кој сакаше да остане анонимен, рече дека расправијата околу мермерните скулптури значи дека сè уште е несоодветно состанокот да се одржи.

    Претходно, портпаролот на Сунак изјави дека нема планови за враќање на скулптурите.

    Британската влада никогаш не размислувала да се откаже од сопственоста на скулптурите, тврдејќи дека тие се стекнати легално.

    Законот не дозволува тој музеј да отстранува предмети од колекцијата освен во одредени околности, но не забранува позајмување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img