More

    Судот пресуди дека убиецот дејствувал во нужна одбрана

    spot_img

    За убиството на зетот Стојанче Соколов (44), битолчанецот Тони Ѓорѓиевски – Фердо доби ослободителна пресуда и по осум месеци излезе од притвор.

    Така одлучи Основниот суд во Битола. Судот не го прифати тврдењето на обвинителот дека обвинетиот Фердо, на 21 февруари, со умисла го лишил од живот својот зет за ќерка.

    Убиениот Стојанче Соколов ѝ бил познат на полицијата како прекршител на законот, а 20 години ги малтретирал семејство Ѓоргиевски. Пред да се случи убиството, тој ѝ се заканувал на својата сопруга, која заедно со двете деца утрото побегнала кај својот татко Тони.

    Во критичните мигови, насилникот, вооружен со долг нож, односно мачета, почнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на обвинетиот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од Фердо, кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал“, што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрела, па оштетениот веднаш починал на лице место.

    Група битолчани на 23 февруари, со мирен протест пред Основниот суд во Битола, побараа обвинетиот да биде ослободен од притвор.

    – Конечно судот по осум месеци притвор, донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката“, напиша Јове Ѓорѓиевски, синот на Фердо, на Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img