More

    Столтенберг признава дека нѐ очекува тешка зима

    spot_img

    НАТО и сојузниците ќе ја платат цената за нивната поддршка на Украина, а зимата ќе биде тешка, предупреди генсекот на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за германски ЗДФ, каде порача дека е неопходно Западот да продолжи да ја помага оваа земја, пренесува ТАСС.

    – Ќе платиме цена за нашата поддршка на Украина како последица на санкциите и секако фактот дека Русија ја користи енергијата како оружје. Но, мора да разбереме дека нема алтернатива за нашата поддршка.

    – Не велам дека е лесно. Потребна е напорна работа. Посветен сум да работам со другите водачи на Алијансата во Европа и Северна Америка за да се осигураме дека ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка – додаде Столтенберг укажувајќи дека Германија дала значаен придонес и дека ќе направи повеќе.

    Шефот на НАТО го повика Западот „да ја максимизира веројатноста за прифатлив исход на војната од гледна точка на Украина“.

    – Најдоброто што можеме да направиме е да обезбедиме воена, финансиска, хуманитарна и економска поддршка на Украина – нагласи тој.

    Можеби ќе бидат потребни години поддршка за Украина, но ова ќе има последици, предупреди Столтенберг, не само во воената сфера, туку и за индустриите.

    – Треба да го зголемиме производството – вели тој.

    Столтенберг потсети дека според член 5 од Вашингтонскиот договр од 1949 година, НАТО-земјите треба заедно да реагираат и да се бранат ако некоја членка биде нападната.

    – Како НАТО, имаме две улоги: мораме да ја поддржиме Украина, наш близок партнер. Другата задача е да се осигураме дека нема да има ескалација – потцртува првиот човек на Алијансата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img