More

    Столтенберг: Ќе направиме се за да ги одбраниме нашите сојузници

    spot_img

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во понеделникот ја истакна важноста на Црното Море за Северноатлантскиот договор и вети дека алијансата ќе стори сé за да ги заштити своите сојузници.

    Говорејќи на прес-конференција по средбата со романскиот претседател Клаус Јоханис во главниот град Букурешт, Столтенберг рече дека алијансата го консолидира своето присуство од Балтикот до Црното Море како одговор на руската агресија.

    „Ова испраќа јасна порака дека НАТО е тука. Ќе направиме се што е потребно за да ги заштитиме и одбраниме сите сојузници“, рече тој.

    Нагласувајќи дека поддршката на Украина е во интерес на алијансата, Столтенберг додаде дека „не можам да дозволам да победи рускиот претседател Владимир Путин“.

    „Тоа ќе им покаже на авторитарните лидери ширум светот дека можат да ги постигнат своите цели преку употреба на воена сила“, рече генералниот секретар на НАТО.

    Столтенберг исто така го обвини Путин дека се обидува да ја искористи зимата како оружје за војна против Украина.

    Тој, исто така, го пофали придонесот на Романија во алијансата „во овој критичен момент“.

    Јоханис ја истакна важноста на НАТО да има најсовремени оружја и сили за брза реакција со цел да остане веродостојно одвраќање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img