More

    Сточарите нe се задоволни од цената од 175 денари за килограм

    spot_img

    Нешто подоцна од вообичаеното заврши откупот на годинешното јагне во кичевско. Најголемите количества  јагне од овој регион беа пласирани на италијанскиот и нешто помалку на хрватскиот пазар. Бидејќи католичкиот Велигден беше нешто подоцна, тежината на годинешното јагне беше поголема, што влијаеше и врз откупната цена која е помала, а откупени се околу 12.000 јагниња.

    Претседателот на Здружението на сточари во општина Кичево, Ајрадин Бајрами потсети дека јагнето со помала тежина до 25 килограми било повеќе барано и пласирано на италијнаскиот пазар, додека јагнето од 26 до 30 килограми претежно било пласирано на хрватскиот пазар.

    – Откупот на годинешното јагне во нашиот регион заврши нешто подоцна, поради периодот на католички Велигден.Токму тоа беше причината повеќето јагниња да имаат поголема тежина од оптималната за да можат да бидат пласирани на италијанскиот пазар. Цената за еден килограм жива мера се движеше од 160 до 175 денари, која е слична на откупната цена од претходните години. Годинава од нашиот регион се откупени околу 12. 000  јагниња – рече Бајрами.

    Тој потенцира дека откупната цена со години не е зголемена, додека храната за овците само годинава е зголемена за повеќе од двојно.

    – Сточарите во нашиот регион не се задоволни од откупната цена, бидејќи цената на основниот продукт, крмата, ланска година за еден килограм изнесуваше 10 денари, а истата годинава се продава по цена од 20-25 денари. Затоа реалната откупна цена на кичевското јагне, кое е од прва класа, не треба да биде пониска од 250 денари. Дестимулативната откупна цена и задоцнетата исплата на субвенциите кои се уште не ги добиле сточарите придонесуваат од година во година бројот на овци во нашиот регион да биде се помал и помал – рече Бајрами.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img