More

    Стипе Месиќ ја повикува Унијата да го забрза проширувањето

    spot_img

    Македонија веќе одамна мораше да биде членка на Унијата и затоа ја повикувам претседателката на Европската комисија да стори сè со цел кон Унијата што побрзо да ѝ се придружат земјите од Западен Балкан и да покаже повеќе емпатија за граѓаните и граѓанките во овој дел од светот – изјави поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, кој денеска, заедно со претседателот Стево Пендаровски учествува на Македонскиот енергетски форум 2023, споделувајќи ставови за енергетските и политичките состојби и предизвици за државава и регионот.

    – Видовме од примерот со Украина дека патот кон Европа може да биде и побрз. Сегашната Европа во ЕУ е малку уморна од здружувања, а земјите кои не се влезени во ЕУ се уморни од чекање. Наједноставната порака за државава е да се исполнат стандардите и условите од Европската унија, за да се забрза зачленувањето во ЕУ. Атрактивноста на ЕУ помалку избледнува и тоа не е добро, бидејќи творците на ЕУ беа лидери и знаеја што сакаат. Денес, мора да ми простите, но не гледам вистински лидери, ниту во Европа, ниту во светот, тоа се бирократи во Брисел со големи плати, но не гледам резултати – рече Месиќ.

    Творците на ЕУ, потсети тој, замислиле цела Европа да се здружи, да се отворат границите и да соработува меѓу себе, со што би се исклучува војната како политичко средство. Европа ќе стане голем играч само ако е здружена и што е најважно тоа ќе биде континент на мирот.

    Дали се за тоа свесни тие што во Брисел и надвор од Брисел е друго прашање, но според она што се презема јас немам чувство дека некој размислува за тоа, посочи Месиќ.

    Посочувајќи дека геополитичката криза ја продлабочи енергетската криза, поранешниот хрватски претседател рече дека се донесуваат тешки одлуки и членките на Унијата се подготвуваат за некое ново време.

    – Јас навистина ја поддржувам европската независност на енергијата, но начинот на кој таа сега се гради и убиецот на геополитиката, ја става Европа во позиција на некоја нова енергетска зависност со таа разлика што некои енергенси сега ги плаќаме четири пати поскапо. Тоа не е долгорочно решение и е закана за глобалната конкурентност на ЕУ. Разбирам дека Унијата мора да биде амбициозна во решавањето на прашањата за енергетска независност и дека секоја земја мора да ја одигра својата улога, но мора да биде и флексибилна, бидејќи различни земји имаат и различни енергетски околности и економска вистина. Ниедна земја во нашиот регион не би смеела да биде жртва на таа нова политика на енергетска независност која ја води Брисел, ниту сега ниту во следните 10 години – рече Месиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img