More

    Српскиот рапер Раста пуштен на слобода

    spot_img

    Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста од денеска повторно е на слобода, по осум месеци куќен притвор.

    Раперот ги одбројуваше деновите кога ќе биде ослободен, а тоа го документираше и со објави на Инстаграм, па конечно денеска околу 10 часот повторно е слободен човек.

    Раста беше приведен во октомври 2020 година во центарот на Белград, кога со себе наводно имал неколку пакетчиња марихуана и сканк, а при претресот на неговиот стан полицијата пронашла, како што се наведува, и други недозволени супстанции.
    Адвокатот на Раста тврдеше дека раперот имал наркотици за своја употреба, а не за продажба. Тој поминал четири месеци во Окружниот затвор во Белград, по што потпишал спогодба за признавање на вината со Вишото јавно обвинителство и бил осуден на една година домашен притвор, односно осум месеци, бидејќи поминал четири месеци во притвор.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img