More

    Српскиот пејач Саша Ковачевиќ требаше да настапи во Хрватска, меѓутоа, неговиот настап е откажан

    spot_img

    Српскиот пејач Саша Ковачевиќ требаше да настапи во Хрватска, меѓутоа, неговиот настап е откажан.

    Саша требало да пее во една свечена сала за венчавки во Бибиње на 24 октомври, а на официјалната страница на оваа сала е објаснето зошто е откажан настапот на Србинот.

    „На наше огромно жалење како организатори, но и на голем број заинтересирана публика, ве известуваме дека сме принудени да го откажеме концертот на Саша Ковачевиќ кој беше закажан за 24 октомври. Во нашата работа се водиме од политика на транспарентна комуникација, почитувајќи ги ставовите и мислењата на жителите на општина Бибиње и другите локални жители, поради чие несогласување со нашиот избор на изведувачи ја донесовме оваа тешка одлука. Ви благодариме за разбирањето и се гледаме наскоро на нови концерти“, стои во соопштението.

    Инаку, ова не е првпат на некој српски пејач да му се откаже настапот во Хрватска, слична судбина доживеале и Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Зорана Миќановиќ, Жељко Самарџиќ, Душко Кулиш, Јелена Карлеуша…

    ФОТО: Инстаграм/Фејсбук

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img