More

    Според ВМРО-ДПМНЕ, договорот со „Бетхел и Енка“ е кршење на Одлуката на Уставниот суд за 60-часовната работна недела

    spot_img

    Груби и Ковачевски го кријат договорот за изградба на коридорите затоа што тој договор ќе ја покаже целата нивна неодговорност како власт кон народните пари – обвинува ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека „ова криминално дуо прифатило договор по непостоечки закони и прифатило обврски дека тие закони ќе ги измени, а доколку тоа не се случи во одреден рок тогаш тоа веднаш повлекува исплата 53 милиони евра буџетски средства како дополнителни трошоци, што би рекла Владата, како ублажена форма на пенали“.

    „Обврската која ја презеле во име на Собранието е да го изменат законот за работни односи и да дозволат 60 часовна работна недела. Патем, Уставниот суд ваквото нешто го прогласи за неуставно со одлука од јули 2022 година. Токму таа одлука на Уставниот суд е основа за кривичен прогон на Артан Груби, Димитар Ковачевски и останатите кои 8 месеци подоцна склучиле штетен договор кој значи дополнителни трошоци, или казнени пенали од вкупна вредност околу 200 милиони евра во времетраењето на изградбата на коридорите.

    Освен тоа, самата изјава на Груби дека ако не сакаат наши работници ќе бидат донесени странци да работат 60 часа, не само што значи навреда на сопствените граѓани, значи и непочитување на одлука на Уставниот суд, што само по себе е дело за санкционирање“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    На овие обвинувања СДСМ одговори со соопштение во кое се вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува за криминал реномираната американска компанија Бехтел.

    „Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е против реализација на стратешки проекти во државата, но сега отидоа чекор понатаму и обвинуваат светски реномираната американска компанија како Бехтел дека краде пари и прави криминал.

    ВМРО-ДПМНЕ намерно шири невистини за изградбата стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10Д.

    Инвестициите во патните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10Д се историски најголеми инвестиции во инфраструктурата, со што конечно ќе се заокружи децениски стратешки проект во интерес на граѓаните и државата. Со СДСМ државата се развива, а во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата режимска партија, која останува симбол на корупција и криминал“ – се вели во соопштението на СДСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img