More

    Според Пентагон и Берлин, Путин нема да го употреби оружјето во Белорусија

    spot_img

    Американското Министерство за одбрана соопшти дека нема индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, откако Москва најави распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

    „Ги видовме извештаите за руското соопштение и ќе продолжиме да ја следиме оваа ситуација“, се вели во писмената изјава на прес-службата на Министерството за одбрана.

    „Не гледаме причина да ја прилагодиме нашата сопствена стратешка нуклеарна положба или каква било индикација дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје. Остануваме посветени на колективната одбрана на НАТО алијансата“, се посочува во соопштението.

    Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Москва ќе распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија, земја на прагот на Европската Унија.

    Оваа најава беше критикувана  иод германската влада, пишува Велт. Весникот посочува дека синоќа Министерството за надворешни работи во Берлин оцени дека станува збор за „дополнителен обид за нуклеарно заплашување“.

    „Споредбата на претседателот Путин со нуклеарното оружје на НАТО е погрешна. Тоа не може да послужи како оправдување за чекорот што го најави Русија. Покрај тоа, Белорусија даде неколку меѓународни изјави дека нема да држи нуклеарно оружје“, соопшти Министерството.

    Можното распоредување на тактичко оружје го коментираше и Украина. Според официјален Киев,  Русија ја зела Белорусија за „нуклеарен заложник“.

    „Кремљ ја зеде Белорусија за нуклеарен заложник“, објави на Твитер секретарот на Украинскиот Совет за безбедност Алексеј Данилов.

    Тој додаде дека оваа одлука е „чекор кон меѓународна дестабилизација на земјата“.

    Заканите на Путин доаѓаат само денови откако беше најавена можноста дека Западот ќе ја снабдува Украина со гранати со осиромашен ураниум.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img