More

    Камион удрил во автобус, возачот се обидел да побегне

    spot_img

    Во сударот на камион и автобус во местото Стублине кај Обреновац, повредени се и две средношколки. Тие биле меѓу патниците во автобусот во моментот на несреќата во која загина возачот на автобусот М.Ј., а 21 лице се повредени, од кои двајца потешко.
    Двете ученички, за среќа, се со полесни повреди, објавиБлиц.
    Повредените се пренесени во КБЦ „Бежанијска коса“ и во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар во Белград.

    Според првичните информации, несреќата се случила кога камионот се вклучувал од локалниот пат, додека автобусот го задржал правецот на движење.
    – Камионџијата имал дури и знак СТОП, на кој не застанал. Директно удрил во автобусот, а возачот на автобусот загинал на лице место – вели изворот на „Блица“.
    Српските медиуми објавија камионџијата (50) по несреќата се обидел да побегне откако удрил во автобусот, но по наредба на Основното јавно обвинителство Обреновац брзо бил уапсен.

    Според неофицијални информации, тој немал алкохол во крвта, а по наредба на обвинителството повторно ќе се прави алкотестот, како и сите други нарко-тестови

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img