More

    Спасовски за МТВ: Клучна порака од Преспа Форумот е дека со дијалог се решаваат најтешките прашања

    spot_img

    Денеска, (19.06.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостуваше во Утринската програма на МТВ каде што разговараше и за минатонеделниот Преспа Форум за дијалог којшто во организација на МНР се одржа во Струга.

    „Имавме панел посветен на миграција како предизвик, кој исто како тероризмот, сајбер криминалот, итн. ќе бидат дологтрајни борби.. Процесот на миграција или проблемот со миграција стратуваше или имаше експанзија во 2016 година и не застанува денеска и секако ќе продолжи понатаму. Тоа бара заеднички политики и стратегии за тоа како да пристапиме сите. Нема решение на вакви глобални предизвици ако самостојно градите политики. Тоа мора да биде на регионално и глобално ниво да се справуваме со миграцијата”, рече министерот Спасовски додавајќи дека токму дијалогот беше клучниот сегмент на Преспа Форумот.

    „Тоа беше клучниот сегмент во делот на Преспа Форумот. Генерално Преспа форумот е создаден да се развие дијалог за многу прашања. Само преку дијалог се решаваат најтешките и најсложените прашања. Сето друго кое не претставува дијалог, можеби јакне одредени структури во државите, но на крајот немате резултат. Дијалогот секогаш дава резултат. Тоа е клучната порака на Преспа форумот”, нагласи министерот Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img