More

    Спасовски вели дека убиецот се исплашил дека полицијата ќе го најде откако почнала потрагата по девојчето

    spot_img

    Мотивот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска е користољибие при што едно од лицата во договор и со знаење, според првичните сознанија, на член на семејството го организарало извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на девојчето од што сите би имале парична корист.

    Ова го соопшти денеска на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    – Осомничени се 5 лица, за 3 лица е одреден притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице таткото е приведен, со него е извршен распит и понатаму ќе се преземат мерки по насока на јавното обвинителство – рече Спасовски.

    Тој додаде дека убиството на велешанецот Панче Жежовски се случило поради нерасчистени односи со еден од осомничените. Со возилото на Жежовски е земена Вања од влезот каде живеела.

    – Во влезот е земена малолетничката откако претходно таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома – рече Спасовски.

    Главниот организатор и извршител, според досегашните утврдени докази, рече Спасовски, некаде околу 10 часот ја усмртил исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага по првата пријава за исчезнувањето на девојчето.

    – Ќе сторам сѐ и јас и институцијата, ова лице, овој монструм, на кого му ја следиме трагата час поскоро штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата – порача Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img