More

    Совет од академик Камбовски до новиот шеф на ОЈО ГОКК Ислам Абази

    spot_img

    Академик Владо Камбовски во однос на изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) смета дека доколку се утврди како негативно искуство актуелниот избор на шеф на ова обвинителство, тогаш ќе треба да се допрецизираат критериумите за избор и понатаму да се развиваат.

    – Новоизбраниот шеф на ОЈО ГОКК, не знам како е избран, но му препорачувам доследно да се држи до законот, бидејќи како што видовме во поранешни случаи, доаѓа време на одговорност не само на политичка, туку и казнена, кривична одговорност на се повисоки скалила на вршење на државните функции – изјави денеска академик Камбовски.

    Со отворањето на преговорите за членство во ЕУ, посочува Камбовски, сите институции ќе бидат сериозно опсервирани дали ја извршуваат својата функција или не.

    – За мене е важно човекот што е избран законито и совесно да си ја врши својата функција зашто сите институции во наредниот период ќе бидат сериозно опсервирани дали ја остваруваат својата функција на законит начин или не. Конечно треба да се разбере дека доаѓа крајот на политичката арбитрарност, на бесот на политичките партии и арогантноста, наметнување на кадровски и какви било други решенија без да се исполнат критериумите за квалитет – потенцира Камбовски.

    Тој додаде дека се подготвува нова страртегија за реформа на судскиот систем и сите овие прашања ќе бидат опфатени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img