More

    Сосиете Женерал ќе стане Росбанк

    spot_img

    Додека западните санкции влијаат на руската економија носејќи големи покачувања на цените и инфлација, слични процеси се одвиваат и во некои од европските земји. Данска ја има најголемата инфлација од мај 1985 година, додека БДП-то на Велика Британија се намали за осум пати симнувајќи се до 0,1 отсто месечно. Во меѓувреме Франција ја продава руската подружница на една од своите најголеми банки.

    Сосиете Женерал ќе стане Росбанк

    Француската банка Сосиете Женерал денеска соопшти дека го продала својот бизнис во Русија поради руската инвазија врз соседна Украина.

    – Сосиете Женерал ги прекинува банкарските и осигурителните активности во Русија и најавува потпишување купопродажен договор за продажба на целиот удел на групацијата во Росбанк и руските осигурителни подружници Интерос Капитал, претходен акционер на Росбанк, соопшти француската банка.

    Продажбата ќе влијае врз капиталната основа на француската банка главно преку отпис на две милијарди евра од книговодствената вредност на руските компании и ќе ја намали нејзината стапка на адекватност на капиталот од 13,7 на 13,5 отсто, што значи дека ќе остане значително над пропишаниот минимум.

    Данска преплавена со инфлација

    Инфлацијата во Данска се искачи на највисоко ниво од мај 1985 година, покажаа прелиминарните податоци, кои денеска ги објави данската статистичка служба.

    Индексот на потрошувачките цени се зголеми за 5,4 отсто на годишно ниво во март, по растот од 4,8проценти  во февруари. Оваа инфлација беше највисока од мај 1985 година, кога цените се зголемија за 5,4 отсто, јави ДПА.

    Британското БДП скоро да сопре да расте

    Растот на британската економија во февруари забави понагло од очекуваното, при што бруто домашниот производ порасна за 0,1 отсто на месечно ниво во однос на 0,8 отсто во јануари, покажува денешната официјална статистика.

    И покрај ниската стапка на експанзија во февруари, британската економија е за 1,5 отсто повисока отколку во февруари 2020 година, пред пандемијата на ковид-19, соопшти Националното биро за статистика (ONS).

    Најголем пад од Првата светска војна

    Во пандемиската 2020 година, Велика Британија забележа економски пад од 9,0 проценти на годишно ниво, најголем во земјата од Првата светска војна, но економијата нагло закрепна минатата година, претрпувајќи мал удар од варијантата омикрон коронавирусот во декември.

    Сепак, економистите ги намалија прогнозите за раст на Велика Британија за 2022 година поради зголемената инфлација предизвикана од зголемените цени на енергијата и стоките, делумно војната во Украина, како и тековните проблеми со синџирот на снабдување кои се присутни од почетокот на пандемијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img