More

    Сојузниците на НАТО се согласија Украина да стане членка

    spot_img

    Сојузниците на НАТО се согласија Украина да стане членка, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, говорејќи пред состанокот во Рамштајн, Германија.

    Тој додаде дека откако војната ќе заврши, Киев мора да развие начини за спречување на нови напади.

    Столтенберг додаде дека сега главниот фокус е Украина да се брани и да победи. Шефот на НАТО вчера изјави дека за Украина има место во НАТО, но денеска додаде дека се согласуваат и другите членки.

    – Да бидам јасен, Украина има заслужено место во евроатлантското семејство – рече тој на вчерашната прес-конференција.

    Соединетите Американски Држави и некои други членки, како Германија, изразија резерви во врска со тоа, бидејќи според одредбите на НАТО, земја кандидат не смее да биде вклучена во меѓународни конфликти.

    Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја отфрли брзата одлука за членство на Украина во НАТО, велејќи дека „вратата е отворена, но сега не е време за одлука“, која, според него, не може да се донесе само од солидарност, туку „ со ладна глава и жешко срце. Не обратно“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img