More

    Сода бикарбона има голем број на придобивки, но не ја користете за овие работи

    spot_img

    Сода бикарбоната има голем број на придобивки, а може да помогне и при чистење, отстранување на непријатниот мирис и многу други работи. Но, и содата бикарбона има свои ограничувања, а еве за што не треба да ја користите.

    Антацид
    Дали страдате од горушица? Сода бикарбона е многу ефикасен антацид. Сепак, натриум бикарбонат е – натриум. Значи, ако вашиот лекар ви рекол да го намалите внесот на сол, не прибегнувајте кон овој домашен лек за варење. Побарајте од вашиот лекар да препорача побезбедна алтернатива.

    Алуминиумско чистење
    Иако пастата што се состои од малку сода бикарбона е одличен начин за чистење на тенџериња и тави, никогаш не треба да ја користите на алуминиумски садови. Алкалниот натриум бикарбонат реагира со алуминиум и може да предизвика промена на бојата на тенџерињата и тавите.

    Освежувач за фрижидер
    Бидејќи реагира со киселини кои предизвикуваат непријатни мириси, сода бикарбона може да му помогне на фрижидерот да има посвеж мирис. Но, за сода бикарбона да биде навистина ефикасен потиснувач на мирис, ќе треба да поставите големи садови полни со сода бикарбона на дното на фрижидерот за да имате доволно простор за реакција. Ако барате евтина супстанција за да го освежите мирисот во фрижидерот, обидете се со активен јаглен.
    Отстранување на акни
    Сода бикарбоната е моќно средство за чистење, а многумина ја користат и за пилинг, дезодоранси и нега на коса. Но, бидејќи тоа е алкална супстанција, некои сугерираат дека не треба да ја користите како лек за акни. Сода бикарбона ги неутрализира природните киселини во телото, кои ги држат под контрола бактериите одговорни за појава на акни.

    Прашок за пециво
    Иако сода бикарбоната и прашокот за пециво изгледаат речиси исто, една супстанција всушност не е алтернатива на друга. И двете можат да произведат јаглерод диоксид под соодветни услови, давајќи им на палачинките и бисквитите лесна, воздушна текстура. Имено, сода бикарбоната реагира со киселини кои веќе се наоѓаат во одредени намирници како јогуртот, пишува Network.

    Прашокот за пециво, пак, има киселински прав, а покрај тоа, содата бикарбона е многу појака. Затоа, ако користите сода бикарбона наместо прашок за пециво, квасното тесто нема да нарасне доволно и ќе има полош вкус.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img