More

    Со санкциите на САД ќе биде опфатена и најголемата руска банка

    spot_img

    Белата куќа размислува за дополнителни санкции против двете ќерки на рускиот претседател Владимир Путин, како и против најголемата руска банка „Сбербанк“, јави Волстрит Џурнал.

    „САД ќе објават нови санкции против руската Алфа банка веќе в среда“, напиша на Твитер новинар од Волстрит журнал.

    Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки веќе изјави дека САД ќе забранат нови инвестиции во Русија и ќе воведат дополнителни санкции за руските финансиски институции.

    Амбасадорите на земјите од ЕУ ќе ги разгледаат плановите за петтиот пакет санкции, кој вклучува забрана за увоз на руски јаглен и оневозможување повеќето бродови во сопственост или управувани од Русија да ги користат пристаништата на ЕУ.

    Двете ќерки на рускиот претседател се  деловни жени. Мариа Воронтсова (36) е истражувач по генетика.Таа е во брак со Холанѓанецот Јорит Фаасен.

    Втората ќерка на Путин, Екатерина Тикхонова (35) е шефица на Центарот за национални интелектуални резерви на Московскиот државен универзитет. Таа во минатото беше акробатска танчерка, и од 2013 до 2018 година беше во брак со милионерот Кирил Шамалов. По разводот, се објави дека двојката имала богатство од над 2 милијарди долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img