More

    Со притискање на копче блесна евровизиската сцена

    spot_img

    Британскиот крал Чарлс со сопругата Камила вчера свечено ја претставија сцената на која ќе се одржи годинашниот Избор за песна на Евровизија во Ливерпул, Британија, по што натпреварувачите започнаа со првите проби.

    Потоа, тие ја обиколија салата, а извршниот продуцент на натпреварот на Твитер објави дека на сопругата на кралот најмногу ѝ се допаднала сценографијата на претставникот на Србија, Лук Блек.

    Со притискање на копче, кралот Чарлс и неговата сопруга Камила ја осветлија прекрасната сцена на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија во Ливерпул.

    Потоа организаторите на натпреварот ја обиколија кралската двојка на сцената и целата сала. Тие разговараа и со челниците на „Би-би-си“, која е организатор на овогодинешниот фестивал, како и со презентерите на натпреварот.

     

    Во Ливерпул е и овогодинешната претставничка на Велика Британија, Меј Милер, која се сретна со кралската двојка.

    Извршниот продуцент на натпреварот, Ли Смитерст, на Твитер сподели дека кралот Чарлс и неговата сопруга Камила ја обиколиле салата во Ливерпул.

    Директниот пренос на Изборот за песна на Евровизија ќе се одржува од 9 до 13 мај во Ливерпул.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img