More

    Снимката од Флајтрадар покажува стотици авиони во акција

    spot_img

    Бегајќи од мобилизацијата во руската војска, илјадници Руси летаат низ Европа, но нивните летови не се директни туку често кружат и поминуваат повеќе места, пишува Мондо. Снимката од авионите кои заминале од Москва која ја објави вебстраницата ФлајтРадар се прошета по социјалните мрежи. Ваквото кружење е поради тоа што директните летови кон Истанбул во Турција и Ереван во Ерменија, каде Русите можат да влезат без визи веќе се распродадени.

    Плусинфо веќе пишуваше дека 4.000 Руси се очекува да пристигнат попладнево во Белград и дека цената за директен лет до Белград стигнува и до 10.000 евра. Стотици авиони полетаа од Москва и од Санкт Петербург. Но, тешко е и да се кружи. На пример, сите летови кои од Москва преку Тбилиси водат до други големи градови се распродадени. Дирекните летови до Дубаи чинат меѓу пет и десет илјади евра, објавија револтирани Руси на социјалните мрежи.

    Да потсетиме, на улиците на некои градови во Русија започнаа протести поради иницирањето на мобилизацијата , при што беа приведени трицифрен број граѓани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img