More

    Словенецот објасни што го испровоцирало да реагира на тој начин

    spot_img

    Кошаркарите на Далас Маверикс славеа победа против Оклахома Сити Тандер со 119-110 и го израмнија резултатот на 1-1 во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција во НБА. Серијата од четири победи сега се сели во Далас, каде Маверикс ќе се обидат да ја потврдат предноста во следните два домашни натпревари против најдобриот тим на Западот во регуларниот дел од сезоната.

    Лука Дончиќ постигна 29 поени, имаше 10 скока, 7 асистенции и 3 украдени топки. Словенечката ѕвезда одигра одлична партија и уште еднаш беше предводник во триумот на Далас. Сенка на неговиот настап фрли инцидентот со публиката во последната четвртина.

     

    Тренерот на Далас, Џејсон Кид повика тајм-аут, па неговите играчи се упатија кон клупата за резерви.
    Но, Дончиќ тргна кон публиката и таму започна расправија со еден навивач. Расправијата не траеше долго бидејќи судијата и членовите на клубот го повлекоа Словенецот. По натпреварот Дончиќ откри што се случило.

    – Не реагирам на провокациите на фановите, но еден го спомна моето семејство. Човече, не ми се допаѓа тоа, возрасен човек не може да го прави тоа. Не му направив ништо, само сакав да му се вратам. Возрасен човек да го нападне моето семејство, тоа е лудост рече Дончиќ на прес-конференцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img