More

    Славниот актер го нападнаа поради објавата на Денот на мајките

    spot_img

    Холивудскиот актер Крис Прат се најде на удар на критики откако на Инстаграм им посака среќен Ден на мајката на својата сегашна сопруга Кетрин Шварценегер, нејзината мајка Марија Шрајвер и неговата мајка Кети, но притоа ја изостави поранешната сопруга Ана Фарис, со која го има синот Џек.

    „Среќен Ден на мајката на сите мајки. Денеска сум особено благодарна на Кетрин. Ти си прекрасна партнерка. Ти ми овозможи толку благословен живот. Нашите две ќерки се толку среќни што те имаат и ти си најдобрата маќеа на Џек“, почнал тој.

    „И на мојата мајка, Кети, не воспитуваше со таква љубов и смеа – многу сум ти благодарен денес и секогаш. И на Марија, благословена сум што те имам за моја тешта. И на сите други мајки во мојот живот, јас сум многу благодарен за се што правите – ви благодарам многу. Се надевам дека денеска се чувствувате прославени“, напишал Прат.

     

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by Chris Pratt (@prattprattpratt)

    Меѓутоа, одлуката да не се спомене Ана, со која беше во брак од 2009 до 2018 година, предизвика бес кај луѓето на социјалните мрежи.

    „Што е со твојата прва сопруга? Таа е супер мајка која го одгледува твоето прво дете“, напиша еден од коментарите.

    „Ова е многу убаво признанине за мајките во вашиот живот, но не би ве убило да ја спомнете мајката на вашето прво дете“, се согласи друг коментатор на Инстаграм.

    Инаку, втората сопруга на Крис Прат, Кетрин Шварценегер, е ќерка на актерот Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img