More

    Кетрин Данев официјално го прогласи за отворен 76. Филмски фестивал во Кан

    spot_img

    Кетрин Данев синоќа официјално го прогласи за отворен 76. Филмски фестивал во Кан на церемонијата што ја организира нејзината ќерка, актерката Кјара Мастројани.

     

    „Го прогласувам 76. Кански фестивал за отворен“, рече Данев, легендата на француската кинематографија, зборувајќи покрај американскиот актер Мајкл Даглас, кој ја изговори истата реченица на англиски неколку минути откако му беше врачена почесната Златна палма, пренесува Бета.

     

    Денев годинава е заштитно лице на фестивалот, а нејзиниот огромен портрет се наоѓа на влезот од палатата. Црно-белата фотографија е од 1968 година од продукцијата на „La chamade“ во режија на Ален Кавалие.

    Во своето обраќање Денев рече дека „многу мисли на Украина“ и рецитираше песна од украинската поетеса Лесија Украинка.

     

    Минатата година, на изненадување на сите, украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше за време на свеченото отворање на Фестивалот, неколку недели по почетокот на руската инвазија на неговата земја.

    По отворањето беше прикажан филмот „Жан де Бери“ на француската режисерка Мејвен, со Џони Деп во главната улога, каде што го игра Луј Петнаесетти.

    Натпреварувачкиот дел од ревијата почнува денеска со два играни филма „Монструм“ (Monster) на Јапонецот Хироказу Коре-Еда и „Враќање“ (Le Retour) на Французинката Кетрин Корсини.

    За Златната палма се натпреваруваат вкупно 21 филм, меѓу режисерите во конкуренција се и седум жени, што е рекорд за овој филмски фестивал. Со деветчленото жири на фестивалот претседава Рубен Естлунд, кој минатата година ја доби втората Златна палма за филмот „Триаголник на тагата“ (Triangle of Sadness).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img