More

    Складишта за гас во земјите од ЕУ се полни и до 90% и со тоа е исполнета зацртаната цел два и пол месеци пред предвиденото

    spot_img

    Складишта за гас во земјите од ЕУ се полни и до 90% и со тоа е исполнета зацртаната цел два и пол месеци пред предвиденото, соопшти Генералниот директорат на ЕУ за енергетика.

    Според последните податоци на гасната инфраструктура на Европа, 90,12% од капацитетот или 1.024 терават-часови гас се полни во европските магацини, што е еднакво на 93 милијарди кубни метри природен гас, пишува Н1.

    Со цел да се подготви за претстојната зима, ЕУ си постави обврзувачка цел до 1 ноември да ги наполни складиштата за гас до 90%.

    Складирањето на гас е клучно за сигурноста со снабдувањето во Европа бидејќи може да покрие до една третина од побарувачката на гас во текот на зимските месеци.

    Европската комесарка за енергетика Кадри Симсон изјави дека денешната потврда дека целите за складирање на гас се исполнети пред предвиденото покажува дека ЕУ е подготвена за зима и оти тоа ќе помогне за дополнително стабилизирање на пазарите во наредните месеци.

    – Енергетскиот пазар на ЕУ е во многу постабилна позиција од ова време минатата година, во голем дел поради мерките преземени на ниво на ЕУ. Но, во последните недели видовме дека пазарот на гас останува чувствителен. Комисијата ќе продолжи да ја следи ситуација, така што нивото на складиран гас да биде на доволно високо кога ќе влеземе во следната зима – рече Симсон.

    Таа додаде дека состојбата може дополнително да се подобри со инвестирање во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

    Овие податоци укажуваат дека ЕУ успеа да ја намали зависноста од рускиот гас, кој пред војната задоволуваше околу 40% од потребите на Унијата.

    Рускиот гас во голема мера е заменет со увоз од САД, Норвешка и Азербејџан, но некои земји од Централна Европа, особено Австрија, сè уште се потпираат на увоз преку гасоводи низ Украина.

    Поради намалувањето на извозот во европските земји, приходите на Русија од извозот на енергетски производи се намалија за 41% на 43,4 милијарди долари во првите седум месеци од оваа година, а рубљата минатата недела падна на најниско ниво во изминатата година и половина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img