More

    Скапата ѕвезда на Јунајтед, обвинета за насилство од три жени, чека полициско сослушување во Англија

    spot_img

    Антони, бразилскиот фудбалер и член на Манчестер Јунајтед, се врати во Англија, каде што ќе биде сослушан од полицијата под обвинение за насилство врз жени.

    Бразилецот во август беше обвинет за насилство од неговата поранешна девојка Габриела Кавалин (22), за која таа тврди дека ја нападнал на 15 јануари во хотел во Манчестер. По нејзината објава се јавија уште две девојки, но Антони е сигурен дека тој не е виновен за ниту еден од случаите.

    „Антони е сигурен дека не направил ништо лошо и сака да се стави на располагање на полицијата. Вели дека нема што да крие и дека ќе им даде се што ќе побараат од него, вклучително и мобилен телефон. Тој сака сето тоа да се реши што поскоро за да може да продолжи да игра фудбал“, вели извор близок до играчот на Манчестер Јунајтед.

    По објавувањето на скандалозната вест, Антони беше исфрлен од репрезентацијата на Бразил до разрешување на случајот, а доби и отсуство од клубот.

    „Ја знам вистината и таа ќе излезе еден ден. Јас сум сто проценти сигурен дека не ја ни допрев и ќе излезам со доказ. Никогаш не сум извршил никакво насилство“, изјави неодамна Антониј во една прилика кога плачеше.

    Бразилецот во вторникот беше снимен на аеродромот во Сао Паоло, од каде преку Шпанија отпатува за Манчестер, каде ќе биде сослушан во наредните денови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img