More

    Системот ГЛСДБ може да ја направи клучна следната украинска пролет

    spot_img

    Нова надеж за украинските напори да го вратат полуостровот Крим. Ракетниот систем ГЛСДБ со дострел до 150 километри, што е речиси дупло повеќе од сегашниот ХИМАРС систем би можел да стигне во Украина веќе следната пролет, а за негово производство се понуди фабриката за авиони „Боинг“ во ненадејна понуда до американските власти, пишува Ројтерс повикувајќи се на таен документ.

    Дали со овие системи Украинците ќе можат да си го вратат Крим? Тој сепак нема да биде толку јак како АТАКМС чиј опасен дострел од 300 километри ги предомисли Американците во нивната желба да му го достават на Киев. Боинг би го произведувале во истите складишта каде веќе САД ги произведуваат своите бомби.

    А, дека украинските сили се спремаат да го заземат Крим во 2023 година, потврди Михаил Забродски, поранешниот командант за воздушни напади за весникот Економист. Забродски рекол дека ако даде повеќе детали за планот тогаш „никогаш нема да постигне ништо“. Тој сепак открил дека нападот нема да биде „бесмислен и извршен од напред“ туку дека ќе биде комбинација на копнени трупи, воздушни напади, слетувања во морето и употреба на дронови.

    – Ќе ги изненадиме луѓето, како и многу пати до сега – вели некогашниот командант, но признава дека има уште многу битки кои треба да бидат извојувани дотогаш.

    Даг Буш, главниот купувач на оружје на американската армија, минатата недела им рече на новинарите во Пентагон дека Армијата исто така планира да го забрза производството на артилериски гранати од 155 милиметри, моментално произведени само во владини објекти, дозволувајќи им на одбранбените изведувачи да ги градат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img