More

    Симптом на висок холестерол кој многумина го игнорираат

    spot_img

    Високиот холестерол е се почест проблем за луѓето ширум светот. Може да биде причина за разни состојби и болести, но главно се поврзува со кардиоваскуларни заболувања.

    Со цел да се елиминира покачениот холестерол, клучно е да се препознае рано.

    Еден симптом често се занемарува, а тој е сигурен показател дека мастите во крвта ви се покачени, пишува Данас.

    Израстоци на кожата
    Ако забележите жолтеникаво-портокалови израстоци на вашата кожа, тоа може да биде знак дека вашиот холестерол е висок. Тие изгледаат како мали испакнатини и можат да се појават на различни делови од телото, во аглите на очите, дланките, стапалата.

    Како да се потврди високиот холестерол?
    Едноставен тест на крвта веднаш ќе покаже дали вашиот холестерол е висок.

    Препорачаните вредности на холестерол се:

    • Вкупен холестерол < 5,0 mmol/l

    • LDL холестерол < 3,0 mmol/l • HDL холестерол > 1,0 mmol/l за мажи и > 1,2 mmol/l за жени

    Дури и малку покачен холестерол во средната возраст значително го зголемува ризикот од срцеви заболувања, открива истражувањето. За секоја деценија на возраст меѓу 35 и 55 години, ризикот од срцеви заболувања може да се зголеми за речиси 40%, покажа студијата.

    Високиот холестерол е особено чест кај луѓето со прекумерна тежина. Поради оваа причина, се препорачува луѓето со прекумерна тежина да прават превентивни прегледи еднаш годишно.

    Високиот холестерол може да се спречи со правилна исхрана, редовно вежбање и генерално здрав начин на живот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img