More

    Силно зголемена побарувачка за автомобили во Хрватска

    spot_img

    Побарувачката за автомобили во ЕУ се зголемила во август за прв пат по една година, а во Хрватска растот бил три пати поголем од нивото на Унијата, се наведува во извештајот на здружението на производители ACEA.

    Во август се регистрирани 650.305 нови автомобили во 26 земји на ЕУ, без Малта, за 4,4 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

    Така, август заврши 13-месечниот период на пад на побарувачката за автомобили во ЕУ, но бројот на регистрирани автомобили сè уште е далеку под нивото пред пандемијата, истакнува ACEA во извештајот објавен кон крајот на минатата недела.

    Помеѓу четирите главни пазари на ЕУ, побарувачката најмногу се зголеми во Италија и Шпанија, за 9,9 и 9,1 отсто, соодветно. Следуваат Франција и Германија со раст на побарувачката од 3,8 и три отсто, соодветно.

    Според податоците на ACEA, во Хрватска во август се регистрирани 3.200 нови возила, што е за 13,7 отсто повеќе од истиот месец лани. по падот од 8,4 отсто во јули. Со ова заврши тримесечен период на опаѓање на побарувачката, според податоците на ACEA.

    Во периодот од јануари до август се регистрирани 31.197, за 9,3 отсто помалку од истиот период лани.

    На ниво на ЕУ, побарувачката е намалена за 12 отсто во првите осум месеци од оваа година, со регистрирани 5,997 милиони нови автомобили, објави здружението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img