More

    Сијамската близначка Аби Хенсел се омажи

    spot_img

    Сијамската близначка и поранешната ријалити ѕвезда Аби Хенсел се омажи, а светот остана шокиран кога дозна како изгледа нејзиниот брачен живот.

    Поранешните ријалити ѕвезди од САД, 34-годишната Аби и нејзината сестра Британи, станаа светски познати кога излегоа во јавност со својата приказна, па им покажаа на сите како изгледа животот на споени близнаци.

    Аби се омажи за американскиот војник Џош Боулинг со кого е во врска од 2021 година.

    Сестрите на Фејсбук објавија фотографија на која се облечени во нивните венчаници, а Џош стои до нив во костум и ги држи за раце. Џош објави серија фотографии на Фејсбук, на кои е со близначките, притоа опишувајќи се како „христијанин, татко, сопруг и војник“.

    Според „Тудеј“, близначките сега се учителки и живеат во Минесота каде што се родиле и каде што израснале.

    Британи и Аби се близначки со споено тело, но со две глави. Тие ги делат протокот на крв и сите органи под половината.

    Аби ги контролира десните рака и нога, а Британи левите.

    Пo раѓањето, лекарите ја претставиле можноста за раздвојување на близначките, но нивните родители Пети и Мајк не ја прифатиле операцијата зашто им било кажано дека има мали шанси двете сестри да ја преживеат операцијата.

    – Како да изберам меѓу двете – рекла нивната мајка во едно интервју.

    А на прашањето каков ќе биде денот кога едната ќе си најде момче, а другата не, татко им одговорил дека тие се згодни и духовити девојки и дека им оди сѐ освен што се споени.

    Британи и Аби еднаш изјавиле дека имаат интимен живот, а кога едната е со момче, другата става слушалки и превез на очите. Но, со оглед на тоа дека ги делат торзото и сите витални органи, разбирливо е и двете да се чувствуваат исто, па и за време на интимниот чин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img