More

    Си го пронашле изгубеното бебе во земјотресот

    spot_img

    По земјотресот што ја погоди Турција, Нергис и Чумали Бакајли ја губат секоја трага на нивното 6,5 месечно бебе, кое е родено предвреме. По 26 дена тага и вознемиреност, турската двојка конечно доживеала олеснување и голема среќакога дознале дека детето е живо и здраво. За бајката по земјотресот пишуваат бројни медиуми од оваа земја.

    Бебето на Нергис и Цумале Бакајли се лекувало во болница во Караманмарас поради крвавење во мозокот по предвремено породување. Откако земјотр есите ја оштетија оваа болница, бебето прво било префрлено во градската болница во Мерсин, а потоа во болницата на медицинскиот факултет на Универзитетот Селчук.

    Брачната двојка Бакајли по земјотресот почнала да го бара своето дете. Вработените во болницата во Селчук ги контактирале родителите и рекле дека бебето е со нив, живо и здраво. Во интервју за турските медиуми, мајката изјави дека сега е време за „повторно обединување“ на семејството.

    – Пред земјотресот ќерка ми беше во болница. По земјотресот не можевме да ја најдеме. Се јави докторката и рече дека нашата ќерка е таму и дека нејзината состојба е многу добра. Господ да ги благослови сите. Се трудиме да опстанеме како семејство. Кога добивме добра вест за нашата ќерка, световите станаа наши, сега е време да се обединиме – рекла мајката на бебето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img