More

    Што сè откри малиот убиец Коста К. на вчерашното сослушување

    spot_img

    Малиот Коста К. се инспирирал да го изврши масовното убиство во своето училиште „Владислав Рибникар“ во Белград гледајќи документарец токму на таа тема – масовни пукања во светот, се дознава меѓудругото од неговото сослушување што беше извршено вчера преку видео врска со психијатриската установа каде е сместен, пишуваат српските медиуми.

    Имено, Коста гледал документарен филм за масовни убиства, а потоа на интернет пребарувал термини на тема убиства, пукање… и анализирал како масовните убијци ги направиле нивните масакри и каде, условно кажано, „згрешиле“ во извршувањето на нивните страшни злосторства.

    Сепак, уште не се до крај јасни мотивите на момчето убиец за убиството на девет ученици и училишниот чувар во кобното мајско утро. На вчерашниот распит тој не можел конкретно да објасни зошто решил да го изврши тоа страшно злосторство, освен тврдењето дека имал негативни чувства кон врсниците.

    Многу од неговите одговори само отвориле нови прашања и мачни дилеми за масовно убиство какво што немало досега во историјата на светот, особено не од рацете на 13-годишно дете. Иако вчера за прв пат покажал некои емоции, сведочењето на момчето убиец ќе биде ставено под „лупа“, бидејќи веднаш по убиствата се однесувал сосема поинаку: ладно, затворено, без да чувствува каење или поврзаност со татко му, мајка му, сестра му.

    – Вчера изјави дека се кае. Не сака да ги види сликите од децата што ги убил, а во објаснувањето изјавил дека му е непријатно – открил изворот на „Блиц“.

    На распитот во зградата на Вишото јавно обвинителство во Белград присуствуваа обвинител, адвокатот на таткото на момчето, адвокатите на оштетените, како и родителите на убиените деца кои го следеа рочиштето преку монитор.

    Во Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци во Белград, каде е момчето, била и неговата мајка.

    Како што дознава Блиц, родителите на убиените деца на психологот, кој имал слушалки, му кажувале прашања за момчето-убиец, кои најмногу биле фокусирани на тоа зошто ги убил своите врсници.

    – Не можеше да објасни зошто го направи тоа. Рече дека се предомислил, дека се кае и ако може да го врати филмот, не би го повторил истото дело. Сепак, тој не наведе конкретна причина зошто на 3 мај влегол во училиштето со оружјето на неговиот татко и пукал во своите врсници – вели изворот на „Блиц“.

    Говорејќи за семејните односи, Коста К. Рекол дека во неговиот дом немало посебни правила. Немало ни казни, освен „благата казна одземање на мобилниот телефон“. Од него и неговата сестра се очекувало да бидат фини и културни.

    Неговиот однос со татко му го опишал како добар, а за мајка му рекол дека е грижлива, сочувствителна, паметна и добра. Тој изјавил дека неговите родители добро се согласувале и дека сега му недостасуваат татко му, мајка му, сестра му, кучето и вујкото.

    Коста К. изјавил дека ја играл популарната видео игра „Валорант“, во која тимови од пет играчи се убиваат меѓу себе. Тоа е контроверзна и токсична игра, а играчите се сметаат за многу непристојни и агресивни. Истражувањата покажале дека дури 80 отсто од сите играчи на „Валорант“ доживеале онлајн вербално вознемирување, од своите соиграчи, од пцовки до смртни закани. И покрај тоа, во досегашниот тек на истражување на мотивите на момчето убиец, сè уште не може да се воспостави посилна врска помеѓу играњето на оваа видео игра и планирањето и извршувањето на масовното убиство во „Рибникар“, пишува Блиц.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img