More

    Што сѐ смислуваат европските земји за да си го спасат народот од најавената енергетска криза?!

    spot_img

    Даночниот експерт Павле Гацов на својот Фејсбук профил објави компаративна анализа за државната помош заради скапата електрична енергија и гориво во земји од Европската Унија.

    Тој наведува неколку примери за тоа како и што поточно преземаат европските земји во поглед на справување со енергетската криза, а со цел да не се дозволи жителите на тие земји да се доведат во ситуација да си легнуваат гладни.

    Фејсбук статусот ви го пренесуваме во целост:

    Австрија

    – Енергетски ваучер 150 евра;

    – Суспендирање на царината на зелената струја;

    – Субвенции за енергија (вклучувајќи намалување на даноците и надомест за вработените – 90% намалување на тарифите за гас и електрична енергија до средината на 2023 година;

    – Зголемување на субвенциите за превоз на вработените;

    – Поддршка на компаниите во случај на доцнење со плаќањето на даноците и другите јавни давачки;

    – Инвестициски субвенции (за намалување на зависноста од руски гас);

    Белгија

    – Енергетски ваучер 100 евра;

    – Фонд за гас и електрична енергија (за домаќинствата);

    – Забрана за еднострани промени во енергетските договори;

    – Намалување на ДДВ од 21% на 6% за електричната енергија;

    – Намалување на даноците на дизелот и бензинот за 17,5 центи/литар;

    – Продолжување на животниот век на два нуклеарни реактори за 10 години Чешка;

    – Електричната енергија и гасот се ослободени од ДДВ;

    – Електричната енергија од обновливи извори е ослободена од плаќање такси за енергија;

    – Акт за помош на домаќинствата и претприемачите – насочена помош (за мали и средни претпријатија на кои трошоците за енергија им се зголемени за повеќе од 100% добиваат државна гаранција со 0% каматна стапка;

    – Гарантна програма што ја спроведува Националната баанка за развој;

    – Пакет за помош на енергетски интезивните индустрии со кој се компензира поскапувањето со плаќање од купони за емисија или ДДВ;

    – Премостување заеми од државни финансиски институции или комерцијални заеми од банка со државна гаранција;

    – Укинување на патните такси за автомобили, автобуси, камиони до 12 тони;

    Данска

    – Топлотен чек од 800 евра за најпогодените домаќинства;

    – Поддршка за замена на системите за греење со природен гас;

    Естонија

    – Намалени цени за домаќинствата со ниски приходи (ретроактивна примена);

    – Преполовени надоместоци за мрежата;

    Финска

    – Постојани насочени мерки фокусирани на транспортот, претприемачи во земјоделството (зголемување на максималната одбивка за патни трошоци од 7.000 евра на 8.400 евра;

    – Зголемување на километражата;

    – „Професионален дизел“ (дизел за професионални возачи – намалена даночна стапка

    – Директни субвенции на земјоделскиот сектор;

    – Трајно ослободување од плаќање данок на недвижен имот за земјоделски објекти и за логистички сектор – 7,5% намалување на побарувачката за дистрибуција на биогориво;

    – Инвестиции во водород и батерии;

    Франција

    – Енергетски ваучер за сите со помалку од 2.000 евра месечна нето плата;

    – Ограничување на цените на бензинот до крајот на 2022 година;

    – Намалување на данокот на електричната енергија од 22,5 евра/MWH на 1 евро (за домаќинствата – и 0,50 евра за фирми);

    – Возачите со попуст од 15 центи/литар на бензиска пумпа и 35 центи/литар за дизел за бродови и риболовната индустрија;

    – Мерки за помош на компаниите кои трошат најмногу електрична енергија и гас. Шемата е отворена од 4 јули 2022 година наваму;

    Германија

    – Намалување на ЕЕГ (олеснување на цените на електричната енергија) од 6,5 центи на 3,72 центи;

    – Насочена мерка за помош на ранливите домаќинства преку целосно покривање на нивните сметки за греење;

    – Еднократни субвенции за домаќинства со ниски приходи;

    – Зголемување на патните трошоци за студентите и ранливите категории;

    – Даночно олеснување за данокот на доход;

    – Зголемени исплати за деца од семејства со пониски примања за дополнителни 20 евра/месец/дете;

    – Намалување на цените на горивата за три месеци преку даночни олеснувања;

    – Програма за субвенционирање за замена на гасни котли со топлински пумпи;

    Ирска

    – Даночни олеснувања за гарантираните трошоци за греење и електрична енергија;

    – Поволни кредити за реновирање на станови;

    Италија

    – Отстранување на општиот систем на давачки во енергетскиот сектор и намалување на општиот данок на сметки за гас;

    – Намалување на ДДВ за користење на гас;

    – За 6 милиони мали компании и 29 милиони жители стапките се 0% во општи рамки;

    – Укинување на давачките за сметките за гас за сите корисници;

    – Плаќање на сметки за енергија на повеќе рати;

    – Поддршка на домаќинствата со ниски приходи – 20% даночни олеснувања за сите енергетски интензивни компании (30% зголемување на цените споредено со 2019 година);

    – Зголемување на социјалните бонуси и намалување на цените на бензините до 25 центи;

    – Пакет мерки за забрзување на користењето на обновливите извори на енергија и повторно гасификација;

    – Даночно олеснување за фирмите за набавка на струја за 25%;

    Холандија

    – Намалување на данокот на енергија за домаќинствата и компаниите за 2022 година;

    – Поддршка на ранливите домаќинства со високи сметки за енергија и/или сиромашни изолирани домови (администрирани од општините);

    – Енергетски додаток за лица со примања до 800 евра (социјална помош);

    – Намалување на стапката на ДДВ од 21% на 9%;

    – Намалување на акцизите на дизел и бензини на 21%;

    Шведска

    – Помош за најпогодените домаќинства 195 евра месечно;

    – Привремено намалување на даноците за дизел и бензин;

    – Поедноставен систем на патни трошоци;

    – Замрзнување на обврската за намалување на стакленичките гасови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img