More

    Шкендија ја прекина соработката со тренерот Артим Шаќири

    spot_img

    Фудбалскиот клуб Шкендија објави раскинување на соработката со шефот на стручниот штаб Артим Шаќири.

    „Соработката со тренерот Шаќири е прекината со меѓусебен договор, бидејќи клубот и тренерот сметале дека прекинот на соработката во овој момент е во најдобар интерес на двете страни. Во оваа прилика КФ Шкендија му се заблагодарува на Артим Шаќири за неговиот придонес во периодот додека го водеше црвено-црниот тим и му посакуваме здравје и многу успеси во иднина“, стои во известувањето од тетовскиот прволигаш.

    Шкендија под водство на Шаќири имаше забележителни настапи во еврокуповите каде немаа пораз и на пенали беа елиминирани од шведски АИК.

    Во Првата лига по шест одиграни натпревари Шкендија има три победи, два нерешни резултата и еден пораз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img