More

    Што му рекол Си Џинпинг на својот колега?

    spot_img

    Поранешниот советник на Владимир Путин за политика, Андреј Иларионов, во разговор за Дојче Веле, вели оти рускиот претседател ја објавил брзата мобилизација, нуклеарната закана и анексијата во Украина поради тоа што е зависен од Си Џинпинг, претседателот на Кина. Според Иларионов, на Си му се брза Русија да ја заврши војната поради сопствениот имиџ, па тој на самитот на Шангајската организација за соработка му предложил на Путин да ги донесе овие одлуки.

    – Единствениот значаен човек кој би можел да има таков разговор со Путин е претседателот Си. Така, Си се чини дека му кажал на Путин нешто што го принуди Путин да ги смени своите ставови кон војната, радикално да ги промени своите претходни планови за „референдуми“, за мобилизација и за нуклеарна уцена – вели Иларионов во интервјуто.

    Иларионов вели дека одржаните референдуми се „измама дури и според стандардите на Кремљ“. Тој потсетува дека нивното итно донесување сега и тоа само во неколку денови, наместо на крајот на годината зборува за тоа колку Кремљ ја променил тактиката во војната.

    – Оваа одлука е јасен знак за радикална промена на стратегијата што Путин ја спроведува веќе неколку месеци. Пред Самарканд, Путин беше подготвен да продолжи со долготрајна војна на трошење – со години ако е потребно. Одлуките од последните неколку дена значат дека неговата стратегија е радикално сменета. Ова не се знаци на неговата слабост или пораз, ова се знаци на неговата зависност од Си – објаснува Иларионов.

    Аналитичарот не знае што точно му рекол Си на Путин, но вели дека Си сакал да изгледа силно пред конгресот на Комунистичката партија на Кина, а фактот што Русите уште се на бојното поле го прави да изгледа како слабак.

    – Не знаеме (што точно му рекол Си на Путин). Но, врз основа на некои протекувања и на нивниот јазик на телото, не би ја исклучил можноста Си да му предложил на својот помал партнер да ја заврши својата работа со Украина што е можно поскоро, тоа да биде, на пример, пред Националниот конгрес на кинеската комунистичка партија во октомври, а не подоцна кога Путин би бил поразен. Фактот што Русија води војна седум месеци и не победи е срам за Си и го прави да изгледа слаб пред најважниот настан во неговиот живот. Но, Си не може да си дозволи да изгледа слаб.

    Иларионов беше еден од првите 34 потписници на онлајн манифестот против Путин „Путин мора да замине“, кој беше објавен на 10 март 2010 година. Тој пет години му беше советник на претседателот.

    На прашањето дали Путин сепак, може да мобилизира 300.000 луѓе Иларионов одговара дека бројката е реална и додава дека Русија има капацитет од 18 милиони регрути.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img