Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека украинскиот артилериски оган врз нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, го зголемува ризикот од нуклеарна катастрофа.
Шојгу ја обвини Украина за „нуклеарен тероризам“ и ги отфрли тврдењата на Киев и Западот дека руските сили поставиле тешко оружје во областа на електраната, која е под контрола на Москва од март.
Немаме тешко оружје во областа на нуклеарната централа, ниту во околината. Се надевам дека во тоа ќе се увери мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија, рече Шојгу, пренесува Ројтерс.