More

    Шентоп во посета на Собранието и на средба со Џафери

    spot_img

    Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска имаше средба со претседателот на Големото национално собрание на Туркије Мустафа Шентоп, кој претстојува во дводневна посета на земјава со група пратеници. На средбата присуствуваа потпретседателот на Собранието Хусни Исмаили и генералната секретарка Цветанка Иванова.

    – Џафери изрази задоволство од повторната посета на претседателот Мустафа Шентоп, која се совпаѓа со одбележувањето на 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик. Тој нагласи дека Република Северна Македонија и Република Туркије негуваат силно традиционално пријателство и партнерство, а билатералната соработка меѓу двете земји е динамична на сите нивоа и особено на парламентарно ниво. Џафери му го честита на Шентоп претстојното претседавање со Парламентарното собрание на Црноморската економска сораборотка – ПАБСЕК, што се совпаѓа со 30. Годишнината од формирањето на ова меѓународно собрание – информираат од собраниската прес-служба.

    Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија се осврнал на економската соработка меѓу двете земји, при што посочил дека Република Туркије постојано е меѓу нашите најзначајни трговски партнери и континуирано инвестира во македонската економија, а во таа насока, како што нагласил, особен придонес дава Стопанската комора на РСМ–РТ, МАТТО.

    Џафери потенцирал дека високо ја вреднуваме успешната соработка со Република Туркије во рамките на НАТО, а пред сè во областа на воената обука и едукација, донациите на опрема за потребите на нашата Армија, како и заедничкото учество во мировни операции.

    Претседателот на Големото национално собрание на Туркије Мустафа Шентоп, на средбата нагласил дека Република Северна Македонија дека братска и пријателска земја и значаен партнер на Туркије, а на односите меѓу двете земји, кои, според него, се развиваат во мултидимензијални рамки, секогаш се посветува големо внимание. Тој се заложил за интензивирање на соработката на бројни полиња од заемен интерес во наредниот период, со подеднаква волја и искреност како и досега.

    – Претседателот Шентоп се осврна на плодната меѓупарламентарна соработка во повеќе домени и оцени дека е потребно продлабочување на меѓусебните консултации за регионалните и глобалните предизвици. Тој посака успех во интезивната агенда на Република Северна Македонија во рамките на претстојните претседавања со ОБСЕ и со Процесот на соработка во Југоисточна Европа, при што како особено значаен го оцени процесот на заокружување на институционализацијата на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, со формирање на меѓународен секретаријат – се вели во соопштението од собраниската прес-служба.

    Шентоп нагласил дека Република Туркије силно ја поддржува евроатланската интеграција на земјите од Балканот, а особено на Република Северна Македонија. Во таа насока, тој упатил честитки за почетокот на преговорите за членство во ЕУ и изрази уверување дека земјава во разумен рок ќе стане членка на Унијата.

    Претседателот на Големото национално собрание на Туркије истакнал дека неговата посета на Република Северна Македонија е во рамките одбележувањето Денот на наставата на турски јазик и оти е особено значајно турската заедница во Република Северна Македонија да го ужива правото на образование на мајчин јазик.

    Во врска со економската соработка меѓу двете земји, Шентоп изразил задоволство од зголемувањето на трговската размена и нагласи дека Туркије ги охрабрува турските стопанственици да инвестираат во Северна Македонија.

    Соговорниците се осврнале на потребата за ревидирање и надградба на билатералниот „Договор за слободна трговија” меѓу двете земји, во насока на поголема либерализација на трговските производи, за што преговорите се во завршна фаза.

    Џафери и Шентоп изразиле уверување дека долгогодишното партнерство меѓу двете држави и позитивниот тренд во развојот на билатералните односи и соработката и натаму ќе се унапредуваат. Во таа насока, претседателот Џафери ја прифатил поканата од претседателот Шентоп за реазлизирање на возвратна посета на Република Туркије.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img